АКТЕР ЗАГИНА ЗА ВРЕМЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ТЕАТАРОТ БОЉШОЈ

    АКТЕР ЗАГИНА ЗА ВРЕМЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ТЕАТАРОТ БОЉШОЈЕвгени Кулеш загинал при промена на сценографијата во операта „Садко“ (Фото: Гети)

    Руски актер загинал кога врз него паднала сценографијата за време на претстава во прославениот театар Бољшој. Од театарот кажаа дека 37-годишниот Евгени Кулеш загинал во инцидент при промена на сценографијата во операта „Садко“.

    „Претставата веднаш беше запрена, а публиката беше замолена да ја напушти салата“, соопшти театарот.

    Се верува дека Кулеш тргнал во погрешна насока при спуштањето на кулисата, која го смачкала. Шокираните гледачи во прв момент мислеле дека тоа е дел од претставата, но станале свесни за реалноста откако од сцената викнале да се повика брза помош.

    Според локалните медиуми, Кулеш настапувал во театарот од 2012 година.

    Ова не е прв трагичен инцидент во овој светски познат театар. Во јули 2013, виолинистот Виктор Седов загина откако падна во оркестарската дупка, а две години порано, балетанот Павел Дмитриченко беше осуден на шест години затвор бидејќи организирал напад со киселина врз уметничкиот директор на компанијата Сергеј Филин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира