АКТЕРОТ РАСЕЛ БРЕНД СЕ СООЧУВА СО ДОЛГА ЗАТВОРСКА КАЗНА ЗА СИЛУВАЊЕ И СЕКСУАЛЕН НАПАД

    АКТЕРОТ РАСЕЛ БРЕНД СЕ СООЧУВА СО ДОЛГА ЗАТВОРСКА КАЗНА ЗА СИЛУВАЊЕ И СЕКСУАЛЕН НАПАДОбвинителите изјавија дека Бренд бил опседнат со секс (Фото: ДПА)

    Комичарот Расел Бренд, некогаш еден од најпознатите британски водители и ѕвезда на холивудски филмови, се соочува со долга затворска казна откако лондонски суд го прогласи за виновен за силување жена и за сексуален напад врз уште три лица.

    Обвинителите изјавија дека 51-годишниот Бренд бил опседнат со секс и ги користел жените за да ги задоволи сопствените желби. Една жртва рекла дека тој се однесувал кон неа „како кон животно“.

    „Забавен и шармантен кога сакал да биде, но исто така и безмилосен, пресметлив и манипулативен, Бренд бил заинтересиран само да го добие она што го сака од жените. Доказите покажаа дека Бренд е пресметлив сексуален предатор“, рече обвинителот Дејвид Робертс надвор од судот.

    Бренд сега се соочува со затвор и со можни натамошни дејствија бидејќи полицијата соопшти дека тој сè уште е под истрага за две други наводни силувања, едно во кое е вмешана тогаш 16-годишна девојка. Актерот ги негираше сите обвиненија.

    Но, по четиринеделно судење, поротата го прогласи за виновен за силување и за три сексуални напади извршени меѓу 2004 и 2009 година. На Бренд му беше одбиено ослободување со кауција и ќе биде осуден в понеделник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира