АКТЕРОТ ШОН КОНЕРИ ПОЧИНА НА 90 ГОДИНИ

    АКТЕРОТ ШОН КОНЕРИ ПОЧИНА НА 90 ГОДИНИШон Конери како Џемс Бонд во филмот „Голдфингер“ од 1964 година. (Фото: Еон продукција)

    Шкотскиот актер Шон Конери почина на 90 години, соопшти неговото семејство.

    Конери беше најпознат по улогата на Џемс Бонд и го глумеше британскиот шпиун во седум филмови. Неговата актерска кариера траеше децении и од актерските награди освои Оскар, две награди Бафта и три Златен глобус.

    Конери глумеше и во Индијана Џонс, а Оскарот го освои во 1988 година за најдобра споредна улога во филмот „Недопирливите“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира