АКЦИИТЕ НА ЕПЛ ПАДНАА ОТКАКО КИНА ИМ ЗАБРАНИ НА ВЛАДИНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ ДА КОРИСТАТ АЈФОНИ

    АКЦИИТЕ НА ЕПЛ ПАДНАА ОТКАКО КИНА ИМ ЗАБРАНИ НА ВЛАДИНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ ДА КОРИСТАТ АЈФОНИКина е третиот најголем пазар за американскиот технолошки гигант, со 18 отсто од вкупниот приход во изминатата година. (Фото: РДНЕ проџект)

    Акциите на Епл паѓаат два дена по ред откако се појавија извештаи дека на кинеските владини службеници им е забрането да користат ајфони. Вредноста на акциите на компанијата падна за повеќе од 6 отсто, што е речиси 200 милијарди долари.

    Кина е третиот најголем пазар за американскиот технолошки гигант, со 18 отсто од вкупниот приход во изминатата година. Во Кина исто така се произведуваат најголемиот дел од производите на Епл.

    „Вол Стрит Џурнал“ објави дека Пекинг им наредил на службениците во централните владини агенции да не носат ајфони во канцелариите и да не ги користат на работа. „Блумберг Њуз“, пак, објави дека забраната може да се воведе и за вработените во државни компании и агенции поддржани од владата.

    Епл е компанија со најголема пазарна вредност на светот, околу 2,8 трилиони долари. 

    Претходно годинава, САД, заедно со своите сојузници Јапонија и Холандија, го ограничи пристапот на Кина до клучни технологии за производство чипови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира