АКТУЕЛНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ДУДА ОСВОИ ВТОР МАНДАТ НА ИЗБОРИТЕ СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА ВО ПОЛСКА ДОСЕГА

    АКТУЕЛНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ДУДА ОСВОИ ВТОР МАНДАТ НА ИЗБОРИТЕ СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА ВО ПОЛСКА ДОСЕГАСпоред последните резултати, Дуда освоил 51,2% од гласовите (Фото: Гети)

    Актуелниот претседател Анджеј Дуда тесно го победи својот противкандидат Павел Тшасковски на вчерашните избори во Полска. Последните резултати по пребројаните 99,7% гласови велат дека Дуда, сојузник на конзервативната влада, освоил 51,2%

    Според првата излезна анкета, Тшасковски освоил 49,6% од гласовите, за потоа да се покаже дека разликата е нешто поголема.

    Вчерашните избори, кои се одржаа среде пандемијата на коронавирусот, многумина ги гледаа како битка помеѓу иднината на земјата и нејзините затегнати односи со Европска Унија и се очекува Дуда во вториот мандат да продолжи со своите контроверзни реформи.

    Ова беа најнеизвесните претседателски избори во Полска од падот на комунизмот во 1989 година. Дуда кажа дека излезноста била 70%, што ако се потврди, ќе биде најмногу досега.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира