АЛБАНИЈА ДОБИ НОВА ВЛАДА ВО КОЈА 12 ОД 17 МИНИСТРИ СЕ ЖЕНИ

    АЛБАНИЈА ДОБИ НОВА ВЛАДА ВО КОЈА 12 ОД 17 МИНИСТРИ СЕ ЖЕНИЕди Рама го доби третиот премиерски мандат (Фото: АП)

    Албанскиот парламент денеска ја изгласа новата влада во која за првпат ќе доминираат жени.

    По парламентарната сесија која траеше повеќе од 20 часа беше потврден третиот премиерски мандат на Еди Рама, чија Социјалистичка партија однесе убедлива победа на изборите во април. Во 17-члениот кабинет ќе има дури 12 министерки.

    „Борбата против родова дискриминација и домашно насилство останува отворена и далеку од добиена“, изјави Рама.

    Олта Џака ќе продолжи како министерка за надворешни работи, додека Делина Ибрахимај ќе го води министерството за економија и финансии.

    Рама кажа дека борбата против криминалот и корупцијата ќе биде приоритет во неговиот трет мандат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира