АЛБАНИЈА ГИ ЛАНСИРАШЕ ПРВИТЕ САТЕЛИТИ ВО ВСЕЛЕНАТА

    АЛБАНИЈА ГИ ЛАНСИРАШЕ ПРВИТЕ САТЕЛИТИ ВО ВСЕЛЕНАТА„Албанија-1“ и „Албанија-2“ беа лансирани со ракета на „СпејскЕкс“

    Албанија ги лансираше своите први сателити во вселената, објави премиерот Еди Рама. „Албанија-1“ и „Албанија-2“ беа меѓу 114 сателити што во вселената ги однесе ракета на „СпејскЕкс“, која полета од Кејп Канаверал во Флорида.

    „Од денеска, Албанија има повеќе високотехнолошки можности за контрола, заштита и управување на својата територија, така што во реално време ќе добива витални податоци за бројните клучни аспекти на одржливиот развој“, напиша Рама на Фејсбук.

    Рама уште во октомври 2021 најави дека Албанија ќе ги лансира своите први сателити. Минатиот септември, Албанија потпиша тригодишен договор со американската компанија „Сателоџик“ за „наменска сателитска констелација“. Договорот е вреден шест милиони долари.

    „Ова ќе ѝ овозможи на Албанија да се занимава со итни прашања како управување со земјоделството и сообраќајот и следење на незаконското градење, шумските пожари и на безбедноста на границите“, соопшти тогаш „Сателоџик“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира