АЛБАНИЈА И НОЌЕСКА СЕ ТРЕСЕШЕ, НЕМА ПОСЕРИОЗНО ПОВРЕДЕНИ ВО СЕРИЈА ЗЕМЈОТРЕСИ

    АЛБАНИЈА И НОЌЕСКА СЕ ТРЕСЕШЕ, НЕМА ПОСЕРИОЗНО ПОВРЕДЕНИ ВО СЕРИЈА ЗЕМЈОТРЕСИОва беше најсилен земјотрес во Албанија во последните 30 години (Фото: Гети)

    Министерството за здравство на Албанија објави дека нема посериозно повредени во серија силни земјотреси кои вчера и ноќеска го погодија Драч, а силно биле почувствувани и во Тирана, како и во Грција и Македонија.

    Сеизмолошкиот институт на Албанија соопшти дека најсилниот земјотрес имал јачина од 5,8 степени според Рихтерова скала и потоа уследија уште неколку, од кои последниот, од 4,8 степени, се случил неколку минути после полноќ.

    Албанските медиуми објавија дека 108 луѓе побарале лекарска помош, при што повеќето од нив се повредиле при бегање од своите домови. Премиерот Еди Рама го откажа патувањето во Њујорк на Генералното собрание на Обединети нации.

    „Никој од повредените не е животно загрозен“, изјави министерката за здравство Огерта Манастирлиу при посетата на болницата во Драч.

    Од Министерството за одбрана кажаа дека во Тирана се оштетени 50-ина згради и куќи, а во регионот на Драч повеќе од 40.

    „Фала Богу што не траеше долго, околу 20 секунди. Беше ноќна мора да се почувствува ова на десетти спрат“, изјави 67-годишен жител на Тирана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира