АЛБАНСКАТА ПОЛИЦИЈА УПАДНА ВО ИРАНСКАТА АМБАСАДА ОТКАКО БИЛЕ ЗАПАЛЕНИ ДОКУМЕНТИ

    АЛБАНСКАТА ПОЛИЦИЈА УПАДНА ВО ИРАНСКАТА АМБАСАДА ОТКАКО БИЛЕ ЗАПАЛЕНИ ДОКУМЕНТИАлбанија вчера им нареди на иранските дипломати да ја напуштат земјата во рок од 24 час (Фото: АФП)

    Албанската противтерористичка полиција изврши претрес во празниот објект на иранската амбасада во Тирана неколку часа откако иранските дипломати внатре запалиле документи по прекинувањето на дипломатските односи помеѓу двете земји.

    Албанија вчера им нареди на иранските дипломати и на вработените во амбасадата да ја напуштат земјата во рок од 24 часа како одговор на иранските сајбернапади од јули.

    Длабинската истрага ни обезбеди неоспорни докази дека сајбернападот врз нашата земја бил организиран и спонзориран од Иран. Овој сајбернапад се закани да ги парализира јавните услуги, избрише дигиталните системи, хакира државните документи и да предизвика хаос и несигурност во земјата“, изјави премиерот Еди Рама.

    Опремена со автоматски пушки, полицијата влезе во зградата, сместена само 200 метри од резиденцијата на Рама, набргу откако две возила со дипломатски таблички го напуштиле местото. Утрово, вработени во амбасадата биле забележани како палат документи во буре.

    Двете земји имаат тензични односи од 2014 кога Албанија прими 3.000 членови на протераната опозициска група Народна муџахединска организација на Иран.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира