АЛБАНСКИОТ ПРЕМИЕР РАМА ИСПРСКАН СО МАСТИЛО НА СЕДНИЦАТА ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ПРИСТАПНИОТ ПРОТОКОЛ НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО

    АЛБАНСКИОТ ПРЕМИЕР РАМА ИСПРСКАН СО МАСТИЛО НА СЕДНИЦАТА ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ПРИСТАПНИОТ ПРОТОКОЛ НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТОЕди Рама беше нападнат од еден од опозициските пратеници (Фото: принтскрин/Јутјуб)

    Албанскиот премиер Еди Рама беше испрскан со мастило во парламентот, за време на седницата на којашто се расправаше за ратификацијата на протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, на која присуствуваше и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

    Рама бил нападнат од пратеникот Еди Палока, откако го опоменал лидерот на опозицијата Љуљзим Баша, кој ја искористил седницата за да зборува за криминалите на власта.

    „Детето не знае што прави и што зборува“, рекол Рама, потсетувајќи го Баша дека не е момент да се зборува за други теми и поради тешката сообраќајна несреќа во Македонија, во која загинаа 14 луѓе.

    На барање на претседателот на парламентот Грамоз Ручи, обезбедувањето го исфрлило Палока од собраниската сала, додека Баша истовремено ги покани граѓаните да излезат на масовни антивладини протести на 16 февруари.

    Рама му се извини на Џафери за инцидентот.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари