АМЕРИКА ЈА ЗАСРАМИ ЕУ ЗАТОА ШТО СО ГОДИНИ МИЖИ ПРЕД КОРУПЦИЈАТА ВО БУГАРИЈА

    АМЕРИКА ЈА ЗАСРАМИ ЕУ ЗАТОА ШТО СО ГОДИНИ МИЖИ ПРЕД КОРУПЦИЈАТА ВО БУГАРИЈАИ покрај пандемијата, Бугарите лани секојдневно протестираа против Борисов и корупцијата во земјата (Фото: Гети)

    САД во средата воведоа санкции против шестмина бугарски функционери и бизнисмени поради корупција, како и против 64 компании поврзани со нив, додека Европската Унија не успева да се соочи со овој проблем во својата членка, која во сите извештаи се наведува како најкорумпирана.

    Потегот на САД го посрамоти Брисел, разоткривајќи ја неговата неспособност да го исчисти сопствениот двор од големиот број корупциски скандали, најчесто поврзани со фондовите на ЕУ, кои завршуваат во рацете на бугарската мафија или моќни олигарси.

    „Америка ги поддржува сите Бугари кои се стремат да ја искоренат корупцијата преку промовирање отчетност за корумпираните службеници, кои ги поткопуваат економијата и демократските институции на земјата“, изјави Андреа Гаки, директорката на Канцеларијата за контрола на странски средства.

    Истовремено, ЕУ избра да не застане на страната на Бугарите кои се борат против корупцијата. Иако корупцијата одамна е идентификувана како проблем во Бугарија, размерот на откриените скандали во изминатата година покажа како мафијата и олигарсите ја заробиле државата, контролирајќи ги судството, безбедносните служби и медиумите. САД тука особено ја истакнуваат улогата на медиумскиот могул и поранешен пратеник Делјан Пеевски, за кого велат дека редовно се служел со подмитување и влијание за да се заштити и воспостави контрола.

    „Големо прашање е кого подмитувале тие“, кажа европратеничката Елена Јовчева, која важи за водечки критичар на Бојко Борисов.

    Бившата народна правобранителка Маја Манолева вели дека санкциите ја нагласуваат потребата од реформи.

    „Бугарите би сакале да видат институциите конечно да почнат да се борат против корупција. Бугарија е единствената држава која не ја сфатила потребата од сериозни антикорупциски мерки“, изјави таа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира