АМЕРИКА ЌЕ Ѝ ДАДЕ НАГАЗНИ ПРОТИВПЕШАДИСКИ МИНИ НА УКРАИНА

    АМЕРИКА ЌЕ Ѝ ДАДЕ НАГАЗНИ ПРОТИВПЕШАДИСКИ МИНИ НА УКРАИНАРусија наголемо распоредуваше нагазни противпешадиски мини од почетокот на војната во 2022 (Фото: Шатерсток)

    Џо Бајден се согласи да ѝ даде нагазни противпешадиски мини на Украина во обид да се запре напредувањето на руските трупи на источниот фронт. Американски функционери кажаа дека мините ќе бидат испорачани наскоро и ќе смеат да се користат само на украинска територија и на подрачја кои не се густо населени.

    Испраќањето нагазни противпешадиски мини е еден од последните потези на администрацијата на Бајден да ги засили украинските воени напори пред враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа.

    Русија наголемо распоредуваше нагазни противпешадиски мини од почетокот на војната во 2022. Наспроти ова, Украина ќе добие мини кои остануваат активни само одреден период, од четири часа до неколку недели, бидејќи се напојуваат од батерија. Откако таа ќе се истроши, мините веќе не можат да се детонираат.

    Ова следи откако САД потврдија дека Украина за првпат ја нападнала Русија со проектили со долг дострел, за што Вашингтон дал дозвола пред неколку дена. Во нападот врз рускиот регион Брјанск биле користени американски проектили „АТАЦМС“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира