АМЕРИКАНКА ГИ ТУЖИ ИНСТАГРАМ И СНЕПЧЕТ ПОРАДИ САМОУБИСТВОТО НА 11-ГОДИШНАТА ЌЕРКА

    АМЕРИКАНКА ГИ ТУЖИ ИНСТАГРАМ И СНЕПЧЕТ ПОРАДИ САМОУБИСТВОТО НА 11-ГОДИШНАТА ЌЕРКАВо тужбата се наведува дека девојчето страдало од екстремна зависност од социјални мрежи (Фото: Гети)

    Жена од американската сојузна држава Конектикат ги тужи компаниите „Снеп“ и „Мета“, која е сопственик на Инстаграм, тврдејќи дека зависноста од нивните социјални мрежи довела до самоубиството на нејзината ќерка. Селена Родригес имала само 11 години кога лани се самоубила.

    Во тужбата стои дека нејзината смрт била предизвикана од потенцијално опасни содржини на платформите.

    Според Правниот центар за жртвите на социјални медиуми (СМВЛЦ), кој ја поднесе тужбата во името на Тами Родригес, девојчето страдало од екстремна зависност од Инстаграм и Снепчет.

    „Родригес повеќепати ѝ го одземала телефонот на својата ќерка, но таа бегала од дома за да биде на социјални мрежи. Селена се лекуваше од својата зависност. Еден психијатар изјави дека никогаш не видел пациент толку зависен од социјални мрежи“, соопшти СМВЛЦ.

    Пред да се самоубие на 21 јули 2021, Селена со месеци страдала од несоница и депресија. Во тужбата се наведува и дека на Селена постојано ѝ барале сексуално експлоататорски содржини, што таа на крајот и ги споделила. Фотографиите потоа се ширеле меѓу нејзините соученици, што дополнително ѝ ја влошило менталната состојба.

    „Гигантите на социјалните медиуми свесно и намерно развиле и пласирале производи кои се штетни за значителен број малолетни корисници, без притоа да обезбедат соодветни заштитни мерки“, стои во тужбата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира