АМЕРИКАНКА ОСУДЕНА НА СМРТ ПРЕЖИВЕА ДВЕ СМРТОНОСНИ ИНЈЕКЦИИ

    АМЕРИКАНКА ОСУДЕНА НА СМРТ ПРЕЖИВЕА ДВЕ СМРТОНОСНИ ИНЈЕКЦИИКриста Пајк имала само 18 години кога со нејзиното тогашно момче ја претепале, мачеле и убиле 19-годишната Колин Слемер (Фото: АП)

    Осуденичката на смрт од Тенеси, Криста Пајк, е пренесена во болница откако не успеа обидот да ја погубат со две смртоносни инјекции. Нејзиниот адвокатски тим поднел итен предлог за запирање на егзекуцијата, велејќи дека Пајк ја изгубила свеста и сè уште имало чукање на срцето.

    Сега 50-годишната Пајк беше осудена на смрт во 1996 за убиството на 19-годишната Колин Слемер. Пајк имала само 18 години кога со нејзиното тогашно момче Тадарил Шип ја претепале, мачеле и убиле Слемер.

    На Пајк ѝ биле дадени две дози пентобарбитал, а завесата во собата за сведоци била двапати спуштена. Медиумите во еден момент биле замолени да си заминат.

    „Вечерва, сојузната држава Тенеси повторно не успеа да спроведе законска егзекуција. Не ни причинува задоволство тоа што бевме во право, но загриженоста што ја изрази г-ѓа Пајк се потврди како основана: тешкотии во пристапот до вените, пукање на вените, деградиран пентобарбитал и отсуство на итна медицинска помош кога работите неизбежно тргнуваат наопаку“, изјавија адвокатите на Пајк.

    Постапката за извршување на смртната казна продолжи откако пропаднаа неколкуте приговори поднесени во последен момент од адвокатите на Пајк.

    Убиството на Слемер во 1995 предизвика медиумска бура во САД, откако таа беше пронајдена со врежан превртен пентаграм на градите. Пред убиството, Пајк ја обвинила Колин дека ја навредила и дека се обидела да ѝ го преземе тогашното момче. Двајца сведоци сведочеа на судењето дека Пајк се фалела со убиството и дека им покажала дел од черепот на Колин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира