АМЕРИКАНКАТА КОЈА ГО ОБВИНИ БАЈДЕН ЗА СЕКСУАЛЕН НАПАД ПРЕБЕГНА ВО РУСИЈА

    АМЕРИКАНКАТА КОЈА ГО ОБВИНИ БАЈДЕН ЗА СЕКСУАЛЕН НАПАД ПРЕБЕГНА ВО РУСИЈАРид тврдеше дека Бајден ја нападнал во 1993 додека работела во неговата канцеларија (Фото: Редукс)

    Тара Рид, поранешната службеничка во американскиот Конгрес која го обвини Џо Бајден за сексуален напад, пребегна во Русија и кажа дека ќе побара руско државјанство. Педесет и деветгодишната Рид изјави дека се чувствува безбедно во Русија и сака да остане.

    Рид тврдеше дека Бајден ја нападнал во 1993 додека работела во неговата канцеларија. Тој ги негираше овие обвинувања, велејќи дека такво нешто никогаш не се случило.

    Рид работеше како асистентка на Бајден додека тој беше сенатор од Делавер. Таа излезе со обвинувањата за време на претседателската кампања во 2020, тврдејќи дека Бајден ја нападнал во ходникот на Капитол кога имала 29 години. Го обвини дека ја притиснал до ѕид и ги ставил рацете под нејзините кошула и здолниште.

    „Кога се симнав од авионот во Москва, првпат по долго време се почувствував безбедно, слушнато и почитувано“, кажа Рид во интервјуто за новинската агенција „Спутник“.

    Таа кажа дека ги напуштила САД откако републикански политичар ѝ рекол дека е во физичка опасност.

    „Би сакала да аплицирам за руско државјанство кај претседателот Владимир Путин. Ветувам дека ќе бидам примерна граѓанка“, кажа Рид.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира