АМЕРИКАНСКА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 ВЛЕГУВА ВО ЗАВРШНА ФАЗА ОД ТЕСТИРАЊЕТО ОТКАКО ПОКАЖАЛА ДОБРИ ИМУНОЛОШКИ РЕЗУЛТАТИ

    АМЕРИКАНСКА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 ВЛЕГУВА ВО ЗАВРШНА ФАЗА ОД ТЕСТИРАЊЕТО ОТКАКО ПОКАЖАЛА ДОБРИ ИМУНОЛОШКИ РЕЗУЛТАТИФиналната фаза од тестирањето ќе почне на 27 јули и во истражувањето ќе учествуваат 30.000 лица (Фото: АП)

    Вакцина против ковид-19 развиена од биотехнолошката компанија „Модерна“ во соработка со Националниот институт за здравство на САД го поттикнала имунолошкиот систем кај сите волонтери кои ја примиле во првата фаза од истражувањето.

    „Ова се добри вести“, изјави д-р Ентони Фаучи, водечкиот американски експерт за заразни болести.

    Финалната фаза од тестирањето на експерименталната вакцина ќе почне на 27 јули и во истражувањето ќе учествуваат 30.000 лица, кога ќе се види дали таа е доволно силна за да ги заштити луѓето од ковид-19, со што би добила зелено светло за почеток на производството.

    Раните резултати покажале дека таа поттикнува имунолошки одговор со благи споредни ефекти, како замор, треска, главоболка и болка во мускулите, станувајќи прв американски кандидат за вакцина која доби рецензија во медицинско списание.

    „Ако сѐ помине добро во идни истражувања, ќе бидеме во можност да испорачаме 500 милиони дози од вакцината годишно, а можеби и една милијарда, почнувајќи од 2021 година“, соопшти „Модерна“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира