АМЕРИКАНСКАТА МОРНАРИЦА ОТПУШТИ 103 МАРИНЦИ ОТИ ОДБИЛЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ПРОТИВ КОВИД-19

    АМЕРИКАНСКАТА МОРНАРИЦА ОТПУШТИ 103 МАРИНЦИ ОТИ ОДБИЛЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ПРОТИВ КОВИД-19Во американската војска досега 98 отсто од активните војници примиле барем една доза, а 96 се целосно вакцинирани. (Фото: Гети)

    Над 100 американски маринци се избркани од работа откако одбиле да се вакцинираат против ковид-19. Тие ќе добијат соодветен надоместок за отказните решенија. Американската морнарица соопшти дека со оглед на тоа дека 28 ноември беше краен рок за вакцинација, досега 103 маринци добија отказни решенија.

    Деведесет и пет отсто вработени од службата досега се целосно вакцинирани, а одобрени се 1.007 барања за  изземање од вакцинацијата. Над 3 илјади маринци побарале изземање поради верски причини, но од над 2.800 досега разгледани барања ниту едно не било одобрено.

    Во американската војска, досега 98 отсто од активните војници примиле барем една доза, а 96 се целосно вакцинирани. Иако поголем дел од американската војска се вакцинираше, илјадници војници се опоменети. Околу 20 илјади војници побараа да бидат исклучени од имунизацијата или одбија да примат вакцина.

    Армијата избрка шест високи офицери, меѓу кои и двајца команданти на баталјони, затоа што одбиле да се вакцинираат. Досега се изречени над 2.700 писмени опомени. Службата ќе ги отпушта и оние кои ќе продолжат да одбиваат во јануари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира