АМЕРИКАНСКАТА ВЛАДА ПОВТОРНО ВО БЛОКАДА ПОРАДИ ПРИГОВОРОТ НА ЕДЕН СЕНАТОР

    АМЕРИКАНСКАТА ВЛАДА ПОВТОРНО ВО БЛОКАДА ПОРАДИ ПРИГОВОРОТ НА ЕДЕН СЕНАТОРБидејќи дебатата за буџетот неочекувано продолжи и после полноќ, за сенаторите беа нарачани пици (Фото: Гети)

    Американската влада технички повторно остана без пари, што доведе до нејзино второ затворање оваа година, откако Сенатот не успеа во предвидениот рок да го изгласа новиот буџет.

    Проблемот го направи републиканскиот сенатор Ренд Пол, кој вложи приговор на нацрт-законот, противејќи се на предлогот до 2019 година да се укине горната граница на задолжување на државата.

    Сепак, сенаторите продолжија да дебатираат и после полноќ и се очекува буџетот да биде усвоен во текот на денот, а до тогаш, американската влада ќе биде во блокада, а стотици илјади јавни службеници повторно одат на принуден одмор.

    Планот на 600 страници предвидува на одбраната и на јавните услуги да се потрошат дополнителни 300 милијарди долари.

    За да се спречи нова криза, буџетот мора да биде одобрен и од Претставничкиот дом и потпишан од претседателот Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира