АМЕРИКАНЦИТЕ СОБОРИЈА СОПСТВЕН ВОЕН АВИОН НАД ЦРВЕНОТО МОРЕ

    АМЕРИКАНЦИТЕ СОБОРИЈА СОПСТВЕН ВОЕН АВИОН НАД ЦРВЕНОТО МОРЕДвајцата пилоти безбедно се исфрлиле од авионот „Ф/А-18 хорнет“ (Фото: АП)

    Американски борбен авион е соборен над Црвеното Море во „очигледен пријателски оган“, објави американската војска. Двајцата пилоти на авионот „Ф/А-18 хорнет“ безбедно се исфрлиле, со тоа што еден се здобил со помали повреди.

    Инцидентот се случил додека САД изведувале серија воздушни напади врз цели на хутските милитанти во главниот град на Јемен, Сана. Притоа биле соборени и неколку дронови и проектили лансирани од хутите.

    Централната команда на американската војска потврди дека авионот настрадал во пријателски оган над Црвеното Море.

    Воениот брод ‘Гетисбург‘ по грешка погодил ‘Ф/А-18‘ додека полетувал од воениот брод ‘Хари Труман‘“, кажа војската.

    Нејасно е дали авионот учествувал во воената акција во Јемен.

    Хутите почнаа да ги напаѓаат Израел и меѓународни бродови набргу по почетокот на војната во Газа. Од ноември 2023 тие имаат потопено два брода во Црвеното Море и оштетено уште неколку. Во еден од најсериозните инциденти досега, хутски проектил вчера падна во парк во Тел Авив, но немаше загинати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира