АМРИКАНЕЦ ПРОГОЛТАЛ ДВА КОМПЛЕТА ДИЈАМАНТСКИ ОБЕТКИ ОТКАКО ГИ УКРАЛ

    АМРИКАНЕЦ ПРОГОЛТАЛ ДВА КОМПЛЕТА ДИЈАМАНТСКИ ОБЕТКИ ОТКАКО ГИ УКРАЛЏејтан Гилдер (32) ги проголтал дијамантските обетки на „Тифани“ кога беше приведен на 26 февруари (Фото:Полиција Орландо)

    Полицијата во Орландо пронашла два комплети обетки вредни вкупно 769.500 долари откако наводно крадец ги проголтал пред повеќе од две недели.

    Џејтан Гилдер (32) ги проголтал дијамантските обетки на „Тифани“ кога беше приведен на 26 февруари, соопшти полицијата.

    Гилдер бил надгледуван од детективи во болницата во Орландо „повеќе од десетина дена“ пред обетките да бидат исфрлени од неговото тело, според полицискиот оддел во Орландо. Гилдер е обвиненет за грабеж со маска и голема кражба од прв степен.

    Полицијата тврди дека Гилдер позирал како асистент на НБА играч за да му покаже „многу врвен накит“ во ВИП соба во продавницата на „Тифани“ во Орландо, Флорида на 26 февруари. Гилдер наводно им го одвлекувал вниманието на вработените во продавницата, а потоа избегал со два пара обетки. На осомничениот очигледно му паднал и дијамантски прстен вреден 587.000 долари додека бегал од продавницата.

    Кога полицајците го фатиле подоцна истиот ден, го виделе Гилдер како „голта неколку предмети за кои се верува дека се украдените обетки“, соопшти полицијата.

    Полицијата објави снимка од рендген на кој се гледаат обетките (Фото: Полиција Орландо)

    Официјалните лица кои го превезувале Гилдер во затвор, наводно го слушнале како вели: „Требаше да ги фрлам низ прозорецот“.

    Во затворот, тој наводно го прашал персоналот: „Дали ќе бидам обвинет за тоа што имам во мојот стомак?“. Подоцна полицијата објави снимка од рендген на кој се гледаат обетките.

    Полицискиот оддел во Орландо соопшти дека го однеле г-дин Гилдер во болница во областа и го набљудувале околу две недели додека обетките не биле пронајдени. На 12 март, полицијата соопшти дека ја пронашла четвртата обетка на „Тифани“.

    Кога обетките беа вратени во „Тифани“, од продавницата потврдија дека сериските броеви на накитот се совпаѓаат со украдените парчиња.

    Гилдер моментално е во притвор во затворот во округот Оринџ. Полицијата тврди дека неговата криминална историја покажува грабеж во 2022 во продавница на „Тифани“ во Тексас. За негово апсење во Колорадо се издадени 48 посебни налози.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира