АНЏЕЛИНА ЏОЛИ СЕ РАЗВЕДУВА ОД БРЕД ПИТ, ПОТВРДИ НЕЈЗИНИОТ АДВОКАТ

a:1:{s:9:"td_source";s:48:"ЛосАнџелес,(разниизвори)

    АНЏЕЛИНА ЏОЛИ СЕ РАЗВЕДУВА ОД БРЕД ПИТ, ПОТВРДИ НЕЈЗИНИОТ АДВОКАТ

    Анџелина Џоли поднесе барање за развод од Бред Пит, потврди адвокатот на холивудската актерка.

    Адвокатот Роберт Офер кажа дека актерката вчера поднела барање за „раскин на бракот“, додавајќи дека „одлуката била донесена за доброто на фамилијата“.

    „Таа нема да дава изјави и бара фамилијата да ѝ биде оставена на мира“, соопшти Офер.

    Двојката е заедно од 2004 година, но се венчаше во август 2014 година. За Пит, ова е втор брак, откако претходно беше женет за Џенифер Анистон, додека за Џоли беше трет по Били Биб Торнтон и Џони Ли Милер.

    Според американскиот сајт за забава „Ти-Ем-Зи“, Џоли во барањето напишала дека причина за разводот се „непомирливи разлики“ и навела дека се разделени од 15 септември. „Ти-Ем-Зи“, цитирајќи го барањето за развод, открива дека Џоли „била екстремно вознемирена“ од родителските методи на Пит и дека таа побарала старателство на децата, но бара од судијата да му даде на Пит право на посета. Двојката има шест деца: посвоените Медокс, Пакс и Захара и биолошките деца Шалјо, Нокс и Вивијан.

    Пит (52), кој, исто така, е еден од најпопуларните холивудски актери, и Џоли (41) се венчаа на приватна церемонија во француското село Корен во Прованса во 2014 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира