АНТИИМИГРАНТСКА ПАРТИЈА ЈА ПОБЕДИ МЕРКЕЛ ВО НЕЈЗИНАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Германија,(Разниизвори)

    АНТИИМИГРАНТСКА ПАРТИЈА ЈА ПОБЕДИ МЕРКЕЛ ВО НЕЈЗИНАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА

    Германската владејачка партија ЦДУ на Ангела Меркел падна на третото место, потисната од антиимигрантската и антиисламска партија, на изборите во североисточната германска покраина која е нејзина изборна единица, според излезните анкети. Ова е првпат на изборите во современа Германија една екстремно десничарска партија да го победи блокот на христијанските демократи на Меркел и нивната баварска сестринска партија Христијанската социјална унија.

    Според изборните проекции, ЦДУ на Меркел освои околу 19 % од гласовите, наспроти 21 % за екстремнодесничарската Алтернатива за Германија (АФД). Но централнолевичарската Социјалдемократска партија, со која Меркел владее во коалиција на државно ниво, освои околу 30 % во покраината Мекленбург-Померанија, поранешна Источна Германија, и најверојатно ќе продолжи да владее коалицирајќи со блокот на Меркел. Пред изборите, сите партии ја исклучија можноста да формираат коалициона влада со АФД.

    Гласањето беше точно една година откако Меркел се договори со Австрија дека двете земји ќе ги примат илјадниците главно сиријски бегалци, кои тогаш беа заглавени во Унгарија, а стотици очајно одеа пеш кон Запад.

    „Во тој викенд, не стануваше збор за отворање на границата за секого – туку да не се затвори за оние кои стигнале до нас од Унгарија, пеш и со огромна потреба за помош“, изјави завчера Меркел за „Билд“.

    Под водство на Меркел, Германија прифаќа голем број бегалци и мигранти -1,1 милион лани – што го зголеми антиимигрантското чувство. АФД, која почна како партија која е против еврото, има брз подем како партија по избор на гласачите кои се незадоволни од политиките на Меркел. Но политичката моќ на АФД е ограничена, а критичарите велат дека се занимава со ксенофобично застрашување.

    Иако Мекленбург-Померанија има само 1.3 милиони гласачи во земја од 81 милион жители, вчерашните избори се сметаат како сигнал за политичката сила на Меркел и вистински почеток на кампањата за државните избори што ќе се одржат наесен вгодина. Дотогаш ќе има уште три покраински избори.

    Канцеларката Меркел, чие изборно тело е во покраината што гласаше вчера, беше во Кина на самитот на Групата 20 и немаше коментар на изборните резултати. Ден претходно таа за „Билд“ изјави: „Не ги намаливме субвенциите за било кого во Германија како резултат на помошта за бегалците. Всушност, имаме и зголемување на социјалната поддршка во некои области. Не зедовме ништо од луѓето тука. Сѐ уште ја остваруваме нашата голема цел да го одржиме и подобриме квалитетот на живот во Германија“.

    Партијата Алтернатива за Германија веќе има освоено места во 3 покраини, главно со тоа што се потпира на стравот дека бегалците ќе им ги земат државните пари и внимание на Германците и ќе го им го сменат начинот на живот. Локалните и националните лидери на партијата вчера беа воодушевени од резултатите.

    „Ова е шлаканица за Меркел, шлаканица за канцеларката во нејзината изборна единица“, рече лидерката на АФД Фрауке Петри. Локалниот лидер на АФД Лајф-Ерик Холм рече: „Можеби ова денеска е почеток на крајот на владеењето на Ангела Меркел“.

    Стравот од бегалците е особено изразен во поранешна комунистичка Источна Германија, каде што има помалку бегалци отколку во западниот дел од земјата. Утеха за мејнстрим политиката е дека неонацистичката Национална демократска партија на Германија не успеа да го фати цензусот од 5 отсто освоени гласови за да добие пратенички места. Неонацистите во изминатава деценија имаат влезено во парламентот, во 2011 кога освоија 6 отсто од гласовите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира