АНТИИЗРАЕЛСКА ГРУПА ПРЕЗЕДЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА ПОЖАРОТ ВО ФИРМА ЗА ОРУЖЈЕ ВО ЧЕШКА

    АНТИИЗРАЕЛСКА ГРУПА ПРЕЗЕДЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА ПОЖАРОТ ВО ФИРМА ЗА ОРУЖЈЕ ВО ЧЕШКАБезбедносните служби го истражуваат инцидентот според член од кривичниот законик што се однесува на тероризам (Фото: ДПА)

    Чешка истражува пожар што се случил ноќеска во индустриски комплекс како потенцијално намерен напад, по медиумските извештаи дека антиизраелска група ја презела одговорноста.

    Пожарникарите изјавија дека реагирале на пожар во магацин во Пардубице, 120 километри источно од Прага. Никој не е повреден во пожарот, кој се проширил на друга зграда.

    Чешкиот сајт „Актуалне“ објави дека една група изјавила дека запалила „клучен центар за производство на израелско оружје во Пардубице“. Чешката фирма за оружје „ЛПП холдинг“, која е сместена во комплексот, потврди пожар во еден од своите објекти, но рече дека плановите што ги објавила во 2023 година за производство на дронови со израелската компанија „Елбит системс“ никогаш не биле спроведени.

    „Никогаш не се произведени израелски дронови во нашиот објект“, соопшти „ЛПП“.

    Полицијата првично соопшти дека истражува дали пожарот бил подметнат, за подоцна да каже дека безбедносните служби го истражуваат инцидентот според член од кривичниот законик што се однесува на тероризам.

    „Врз основа на она што го знаеме досега, инцидентот веројатно може да се смета за терористички напад“, рече министерот за внатрешни работи Љубомир Метнар.

    Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави дека ќе свика состанок на Државниот совет за безбедност поради инцидентот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира