АРГЕНТИНА СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ ЗА ВАКЦИНИ СО РУСИЈА, ДОЦНАТ НАД 18 МИЛИОНИ ДОЗИ

    АРГЕНТИНА СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ ЗА ВАКЦИНИ СО РУСИЈА, ДОЦНАТ НАД 18 МИЛИОНИ ДОЗИВо писмото до Русија се вели дека на Аргентината итно ѝ е потребна испорака на втората доза и се предупредува дека целиот договор е во опасност да биде јавно откажан. - Вакцина „спутник“ (Фото: СДК.МК)

    Аргентина се обложи на вакцината „спутник“, што ја остави земјата во многу критична ситуација поради неуспехот на Русија да ги исполни обврските, се вели во официјално писмо до Москва кое протече во аргентинските медиуми.

    Русија ѝ должи на Аргентина 18,5 милиони дози од вакцината „спутник“, од кои две третини се компонентата за втора доза. Само 12 отсто од Аргентинците се целосно вакцинирани досега, а уште 37 отсто имаат примено една доза. Соседите на Аргентина, Чиле и Уругвај, имаат над 60 отсто целосно вакцинирани граѓани, но тие користеа и други вакцини.

    Поради недостигот на компонентата за втора доза на „спутник“, 6 милиони Аргентинци останаа само со прва доза и тоа стана едно од главните прашања во кампањата за изборите во ноември.

    Незадоволството во јавноста ја остава владата на претседателот Алберто Фернандес принудена да се закани да го раскине договорот со Русија.

    „Ни оставате малку опции да продолжиме да се бориме за вас и за овој проект“, се вели во писмото од претседателскиот советник за ковид Сеслија Николини до Рускиот фонд за директни инвестиции, кој ги продава вакцините „спутник“ ширум светот.

    Во писмото се вели дека на Аргентината итно ѝ е потребна испорака на втората доза и се предупредува дека целиот договор е во опасност да биде јавно откажан.

    Опозициската партија Хунтос (Заедно) неодамна го принуди претседателот Фернандес да го промени ланскиот закон за вакцини за да се дозволи донација на вакцини на „Модерна“ и „Фајзер“ од САД.

    „Само што издадовме претседателски декрет што ни дозволува да потпишуваме договори со американски компании и да добиваме донации од САД“, се вели во писмото до Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира