АРГЕНТИНСКАТА ПОДМОРНИЦА ШТО ИСЧЕЗНА СО 44 МОРНАРИ ПРОНАЈДЕНА ПО ЕДНА ГОДИНА ВО АТЛАНТСКИОТ ОКЕАН

    АРГЕНТИНСКАТА ПОДМОРНИЦА ШТО ИСЧЕЗНА СО 44 МОРНАРИ ПРОНАЈДЕНА ПО ЕДНА ГОДИНА ВО АТЛАНТСКИОТ ОКЕАНПодморницата „АРА Сан Хуан“ исчезна на 15 ноември лани откако пријави електричен колапс (Фото: Ројтерс)

    Аргентинската морнарица објави дека се пронајдени остатоците од подморницата која исчезна пред една години со 44-член екипаж. Подморницата „АРА Сан Хуан“ исчезна на 15 ноември минатата година на 430 километри од брегот на Аргентина и потрагата беше прекината две недели подоцна.

    Точно 366 дена подоцна, морнарицата соопшти дека благодарение на американска компанија, таа е лоцирана во Атлантскиот Океан на длабочина од 800 метри, во водите на полуостровот Валдес.

    „Имаме позитивна идентификација“, потврдија од морнарицата.

    Ова се случи само два дена откако роднините на загинатите морнари одржаа комеморација, добивајќи ветување од претседателот Макри дека ќе продолжи да го бара 60 метри долгото пловило.

    „АРА Сан Хуан“ се враќала од рутинска мисија, кога пријавила „електричен колапс“. На екипажот му било наредено веднаш да ја прекине мисијата и да се врати во базата во Мар дел Плата. Контакт со подморницата бил изгубен на 15 ноември во утринските часови, кога капетанот пријавил дека сите се добро. Осум дена подоцна беше потврдено дека во подморницата се случила внатрешна експлозија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира