АРКТИЧКИ ЗОМБИ ВИРУСИ, ЗАКОПАНИ ВО МРАЗОТ ИЛЈАДНИЦИ ГОДИНИ, БИ МОЖЕЛЕ ДА ПРЕДИЗВИКААТ НОВИ ПАНДЕМИИ, ВЕЛАТ НАУЧНИЦИТЕ

    АРКТИЧКИ ЗОМБИ ВИРУСИ, ЗАКОПАНИ ВО МРАЗОТ ИЛЈАДНИЦИ ГОДИНИ, БИ МОЖЕЛЕ ДА ПРЕДИЗВИКААТ НОВИ ПАНДЕМИИ, ВЕЛАТ НАУЧНИЦИТЕКомпјутерски зголемена слика на Pithovirus sibericum изолиран во 2014 од 30.000 години стар примерок на вечен мраз

    Човештвото се соочува со закани од бизарни нови пандемии, предупредија научниците, додавајќи дека древни вируси замрзнати во арктичкиот пермафрост еден ден би можеле да бидат ослободени поради загревањето на планетата.

    Соеви на овие Метузалемски микроби или зомби вируси веќе беа изолирани од научниците, кои изразија загриженост дека нова глобална медицинска вонредна состојба би можела да биде предизвикана не од нова болест, туку од болест од далечно минато.

    Поради тоа, научниците почнаа да планираат арктичка набљудувачка мрежа со цел точно да се лоцираат рани случаи на болест предизвикана од древни микроорганизми. Дополнително, би се обезбедиле карантин и стручен медицински третман за заразените лица во обид да се спречи појава на епидемија и да се спречи заразените луѓе да го напуштат регионот.

    Во моментов, анализите на заканите од пандемија се фокусираат на болести кои би можеле да се појават во јужните региони, а потоа да се шират на север. Спротивно на тоа, малку внимание е посветено на болести што може да се појават на далечниот север, а потоа да се шират кон југ. Таму има вируси што имаат потенцијал да заразат луѓе и да започнат нова епидемија“, рече генетичарот Жан-Мишел Клавери од Универзитетот Екс-Марсеј.

    Во 2014, тој водеше тим научници кои изолираа живи вируси во Сибир и покажаа дека тие се уште можат да инфицираат едноклеточни организми, иако биле закопани во вечниот мраз илјадници години. Натамошните истражувања открија неколку различни вирусни соеви на седум локации во Сибир и покажаа дека тие можат да заразат култивирани клетки. Еден примерок на вирус бил стар 48.500 години.

    Пермафростот или вечен мраз покрива една петина од северната хемисфера и се состои од почва која долго време се одржувала на температури под нулата. Некои слоеви останале замрзнати стотици илјади години, открија научниците. Но, вечниот мраз во светот се менува, бидејќи горните слоеви на главните резерви на планетата во Канада, Сибир и Алјаска се топат поради климатските промени. Научниците веруваат дека вечниот мраз во најдлабоките нивоа може да содржи вируси стари до милион години, со што се многу постари од човечкиот вид.

    Нашиот имунолошки систем можеби никогаш не бил во контакт со некои од тие микроби и тоа е уште една грижа. Сценариото за враќањето на непознат вирус кој заразил неандерталци, иако малку веројатно, стана реална можност“, вели Клавери.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира