АСТРОНАУТОТ КОЈ ЈА НАПРАВИ ПОЗНАТАТА ФОТОГРАФИЈА НА ЗЕМЈАТА ОД МЕСЕЧИНАТА ЗАГИНА ВО АВИОНСКА НЕСРЕЌА НА 90 ГОДИНИ

    АСТРОНАУТОТ КОЈ ЈА НАПРАВИ ПОЗНАТАТА ФОТОГРАФИЈА НА ЗЕМЈАТА ОД МЕСЕЧИНАТА ЗАГИНА ВО АВИОНСКА НЕСРЕЌА НА 90 ГОДИНИФотографијата е направена за Божик 1968 година, кога првиот лет со човечки екипаж ја напушти Земјата и стигна до Месечината. (Фото: НАСА)

    Астронаутот од мисијата Аполо 8 на Месечината, Бил Андерс, кој направи една од најпознатите фотографии на Земјата, загина во авионска несреќа на 90 години. Локалните власти велат дека малиот авион со кој тој управувал се урнал во морето близу државата Вашингтон.

    Неговиот син Грег потврди дека телото на Андерс било најдено во петокот вечер.

    „Семејството е потресено. Тој беше одличен пилот. Ќе ни недостасува“, се вели во соопштението од неговото семејство.

    Андерс, кој управуваше со леталото во мисијата Аполо 8, ја фотографираше Земјата од Месечината, една од најпознатите слики на Земјата од вселената.

    Официјална фотографија на НАСА од Бил Андерс во 1964 година. (Фото: НАСА)

    Фотографијата е направена за Божик 1968 година, кога првиот лет со човечки екипаж ја напушти Земјата и стигна до Месечината.

    Американските воздухопловни власти кажаа дека 90-годишникот управувал авион Бичкрафт А 45 и дека се урнал околу 25 метри од брегот на островот Џонс, близу Сиетл.

    Андерс, исто така, беше резервен пилот за мисијата Аполо 11, која што доведе до прво стапнување на Месечината.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира