Кимберли Гилфојл, новата амбасадорка на САД во Грција и поранешна свршеница на синот на претседателот Трамп, Доналд Трамп Џуниор, лани во ноември слета во Атина со приватниот авион на грчко-американски бизнисмен мултимилионер. Таа е и поранешна сопруга на гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом, а кога му ги предаде своите дипломатски акредитиви на грчкиот претседател, Константин Тасулас, му кажа дека претходно била во Грција на „прекрасен меден месец, но…“.
„Медениот месец беше прекрасен, а бракот?“, рече Тасулас.
„Ќе работиме на нов сопруг“, одговори Гилфој со блага насмевка.
Гилфојл (56) е прва жена на оваа функција во американската амбасада во Грција и стана хит во Атина, проследена од папараците и се појави на насловната страница на „Вог Грција“ со гламурозна шминка. Таа предизвика сензација на вечера за Денот на благодарноста во делумно проѕирен црн вечерен фустан. Неодамна, таа се појави во ноќен клуб во Атина во 1:30 часот по полноќ за премиерата на нејзиниот пријател, еден од најпознатите поп-пејачи во земјата, Константинос Аргирос, седејќи на одлично место помеѓу нејзиниот личен стилист и грчка бизнисменка од моќно бродарско семејство. Се врати дома рано наутро.
„О, воопшто не беше доцна, беше пред 3 часот“, рече Гилфој во неодамнешно интервју во Џеферсон хаус, нејзината официјална резиденција во медитерански стил во Атина.

Гилфојл, (лево) седи до Доналд Трамп Џуниор на Републиканската национална конвенција во 2024 година, се разделија на крајот на 2024.
Неколку недели по преземањето на функцијата, Гилфојл стана главна тема на разговор во Атина и широко дискутирана, барем на почетокот, како свршеница напуштена од синот на претседателот Трамп. Грција беше повеќе навикната на американските амбасадори кои беа традиционални службеници за надворешни работи, а некои Грци се прашуваа дали администрацијата на Трамп покажува непочитување со нејзиното назначување.
Но Гилфојл, поранешна обвинителка во Сан Франциско и Лос Анџелес, која е и поранешна водителка на „Фокс њуз“, работи исто толку напорно колку и што се забавува, велат многу Грци. Поради природата на нејзината позиција, нејзината упорност и она што нејзините сојузници го нарекуваат отворена линија до Овалната соба, таа стана една од најважните луѓе во земјата.
„Сите сакаат да ја запознаат. Кога дојде тука, сите мои пријатели ми се јавија да ме прашаат каква е во реалниот живот. Дури и луѓе кои никогаш не ме сметале за ништо.“, рече Адонис Георгијадис, грчки министер за здравство и потпретседател на владејачката конзервативна партија, кој соработуваше со Гилфојл на соработка за внесување на американската технологија во здравствениот систем на Грција.
Гилфојл била вклучена и во бизнис зделки поврзани со американски интереси – развој на пристаниште поддржано од САД во близина на Атина и истражување на природен гас во близина на островот Крф. Не се сите задоволни од тоа. Некои членови на опозицијата велат дека таа премногу агресивно ја турка американската агенда. А некои грчки интелектуалци се муртат на целото обожавање. Сепак, нејзините зборови во „Фокс“ за време на грчката финансиска криза во 2015 година, кога ги нарече Грците „незаслужни корисници“ кои треба да бидат казнети како куче што „моча на тепих“, во голема мера се заборавени.
Пет дена по пристигнувањето на Гилфојл, таа стоеше покрај министерот за енергетика Крис Рајт и министерот за внатрешни работи Даг Бургум кога Грција потпиша договор со „Ексон мобил“ за започнување истражување на природен гас северозападно од Крф. Гилфојл го поздрави договорот, дел од напорите на администрацијата на Трамп за спротивставување на европската битка против климатските промени, како победа за фосилните горива.
„Америка се врати и дупчи во Јонското Море“, рече таа.
Десет дена подоцна, таа застана помеѓу грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и украинскиот претседател Володимир Зеленски за да објави договор за увоз на американски течен природен гас преку Грција во Украина за да помогне во задоволувањето на енергетските потреби на земјата оваа зима. Голем дел од гасот ќе се транспортира преку Атлантикот со грчки танкери и ќе тече северно кон Украина преку цевковод.
И двата договора беа во тек долго пред Гилфојл да пристигне во Атина, но грчките власти рекоа дека таа била вклучена во плановите неколку месеци претходно и сакала тие да бидат објавени под нејзин надзор.



