АВИОН НА „РАЈАНЕР“ СО 164 ЛУЃЕ ПРИНУДНО СЛЕТА ВО СОЛУН ПОРАДИ НЕИДЕНТИФИКУВАН МИРИС

    АВИОН НА „РАЈАНЕР“ СО 164 ЛУЃЕ ПРИНУДНО СЛЕТА ВО СОЛУН ПОРАДИ НЕИДЕНТИФИКУВАН МИРИСАвионот пријавил тревога додека летал над Халкидики (Фото: Екатимерини)

    Авион на ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ со 164 луѓе принудно слета на аеродромот во Солун откако пријавил пожар, објавија грчките власти.

    Авионот што патувал на релацијата Берлин-Атина испратил сигнал за тревога и побарал дозвола за итно слетување додека летал над регионот на Халкидики, кажа министерот за цивилна заштита.

    Веднаш биле воспоставени вонредни протоколи, по што авионот безбедно слетал во Солун и сите 158 патници и шест членови на екипажот биле евакуирани.

    Иако министерот изјави дека екипажот пријавил пожар, портпаролот на „Рајанер“ појасни дека тревога била активирана откако „се почувствувал неидентификуван мирис во кокпитот и кабината“ и дека, всушност, немало пожар.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира