Две лица загинаа откако приватен авион се урна во куќа близу аеродромот „Сан Фернандо“ во Буенос Аирес. Авионот се запали по падот, при што загинаа двајцата пилоти, кои биле единствените луѓе на летот.
Авионот „челенџер 300“ се враќал во Буенос Аирес од Уругвај, а несреќата се случила по само 34 лет. Според официјални податоци, тоа му бил вториот лет дента, откако претходно заминал во спротивен правец.
„Авионот слета предалеку на пистата и од некоја причина не можел да закочи, па на крајот удри во куќите до аеродромот“, изјави еден очевидец.
Нема информации дека има жртви во куќите.