Мал приватен авион попладнево се урна во празна зграда во Сан Донато Миланезе, предградие на италијанскиот град Милано, при што загинаа сите во него, пилотот, копилотот, петмина возрасни патници и едно дете.
Авионот полетал од Линате и требало да слета во Олбиа.
Авионот падна во зграда што се реновира, а се користела како канцелариски простор, и предизвика пожар, поради што е тешко да се идентификуваат телата.
Според првичните информации, пилотот на авионот Пајпер бил германски државјанин, а меѓу патниците имало и француски државјанин.