АВИОН СО 19 ЛУЃЕ СЕ УРНА ВЕДНАШ ПО ПОЛЕТУВАЊЕТО ОД КАТМАНДУ, ПРЕЖИВЕА САМО ПИЛОТОТ

    АВИОН СО 19 ЛУЃЕ СЕ УРНА ВЕДНАШ ПО ПОЛЕТУВАЊЕТО ОД КАТМАНДУ, ПРЕЖИВЕА САМО ПИЛОТОТАвионот бил во воздух неполна минута пред да падне (Фото: АП)

    Осумнаесетмина луѓе загинаа откако авион падна и се запали веднаш по полетувањето од меѓународниот аеродром во Катманду, главниот град на Непал. Единствениот преживеан е пилотот, кој е превезен во болница.

    На пробниот лет на „Саурја ерлајнс“ имало 19-мина луѓе, вклучувајќи членови на техничкиот тим на авиокомпанијата. Несреќата се случи набргу по полетувањето на авионот, кој требало да лета за популарната туристичка дестинација Похара.

    „Авионот беше во воздух неполна минута кога падна. Засега не можеме да ја потврдиме причината за несреќата“, изјави шефот на аеродромот Џаганат Нираула, додавајќи дека првичните проценки велат дека авионот летал во погрешна насока.

    Меѓу загинатите е и еден јеменски државјанин, кој работел како инженер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира