АВСТРАЛИЈА ЌЕ ОБЕЗБЕДИ БЕСПЛАТНА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 ЗА СИТЕ 25 МИЛИОНИ ЖИТЕЛИ

    АВСТРАЛИЈА ЌЕ ОБЕЗБЕДИ БЕСПЛАТНА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 ЗА СИТЕ 25 МИЛИОНИ ЖИТЕЛИПремиерот Скот Морисон ја смени првичната изјава дека вакцината ќе биде задолжителна за сите (Фото: АП)

    Австралија постигна договор со компанијата „АстроЗенека“ за снабдување со потенцијална вакцина против ковид-19 и премиерот Скот Морисон кажа дека сите 25 милиони жители ќе ја добијат бесплатно доколку тестирањата бидат успешни.

    „АстроЗенека“ ја развива вакцината во соработка со Универзитетот Оксфорд и таа е веќе во напредна фаза од тестирањето, во што учествуваат илјадници доброволци.

    „Вакцината на Оксфорд е една од најнапредните и најветувачки на светот и со договорот што го постигнавме, таа ќе биде достапна за секој Австралиец. Ако се докаже дека е безбедна и ефективна, сите 25 милиони жители на Австралија ќе ја добијат бесплатно“, кажа Морисон.

    Тој во прв момент изјави дека вакцината ќе биде задолжителна, но потоа се исправи и кажа дека Австралијците ќе бидат охрабрувани да ја примат.

    „Никого нема да тераме да ја прими вакцината. Не постои задолжителна вакцина во Австралија“, рече Морисон.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира