АВСТРАЛИЈА ВЕРОЈАТНО НЕМА ДА ГИ ОТВОРИ ГРАНИЦИТЕ ЗА СТРАНЦИТЕ ДО 2021

    АВСТРАЛИЈА ВЕРОЈАТНО НЕМА ДА ГИ ОТВОРИ ГРАНИЦИТЕ ЗА СТРАНЦИТЕ ДО 2021Австралија планира да ја задржи мерката за задолжителен 14-дневен карантин за оние кои влегуваат во земјата (Фото: Ројтерс)

    Австралија најверојатно нема да ги отвори границите за странските патници до следната година, но размислува да ги олесни правилата за влез за студентите и други посетители кои остануваат во земјата на подолго време, изјави министерот за трговија Сајмон Бирмингем.

    Земјата доста успешно се справуваше со ширењето на коронавирусот, што особено се должи на ограничувањата во меѓународните патувања и строгите мерки за социјално дистанцирање.

    За оние кои влегуваат во земјата на подолг рок, наједноставно ќе биде да ја задржиме мерката за задолжителен 14-дневен карантин, што досега добро функционираше“, кажа Бирмингем.

    Во Австралија досега има повеќе од 7.300 случаи на коронавирус, како и 102 починати. Во изминатите 24 часа се пријавени нови 22 случаи, што е најголема дневна бројка во последните 30-ина дена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира