АВСТРАЛИЈЦИТЕ НА РЕФЕРЕНДУМ СЕ ИЗЈАСНИЈА ПРОТИВ ВНЕСУВАЊЕ НА АБОРИЏИНИТЕ ВО УСТАВОТ

    АВСТРАЛИЈЦИТЕ НА РЕФЕРЕНДУМ СЕ ИЗЈАСНИЈА ПРОТИВ ВНЕСУВАЊЕ НА АБОРИЏИНИТЕ ВО УСТАВОТПремиерот Ентони Албанезе ја водеше камањата за внесување во Уставот на Абориџините кои сочинуваат 3,8% од 26 милиони жители на Австралија. (Фото: Гети)

    Австралија денеска решително го отфрли предлогот за признавање на домородното население во Уставот, што претставува голем пад во напорите на земјата за помирување со нејзините први народи. На национално ниво, со преброени 45 отсто од гласовите на референдумот, гласот „не“ водеи со 57,35 отсто наспроти 42,65 отсто „за“ . Австралискиот радиодифузен сервис „Еј-Би-Си“ и другите ТВ мрежи предвидоа дека најмалку четири држави – Нов Јужен Велс, Тасманија, Квинсленд и Јужна Австралија – ќе гласаат против промена на Уставот стар 122 години.

    За успешен референдум потребно е најмалку четири од шесте држави да гласаат за, заедно со националното мнозинство. Поради временските зони на Австралија, гласањето во Западна Австралија сè уште беше во тек кога стана јасно дека гласовите „не“ победија на референдумот.

    Австралијците мораа да напишат „Да“ или „Не“ на гласачко ливче во кое се прашуваа дали се согласуваат со предлогот, со кој ќе се признаат Абориџините и луѓето од островот Торес преку создавање Домородно советодавно тело „Глас до парламентот“.

    „Скршен сум. Ни треба глас. Ни треба таа структурна промена“, рече домородниот водач и истакнат активист за „Да“ Томас Мајо.

    Домородните граѓани на Австралија, кои сочинуваат 3,8% од 26 милиони жители на земјата, живеат на таа територија околу 60.000 години, но не се споменати во Уставот и, според повеќето социо-економски мерки, се најзагрозените луѓе во земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира