АВСТРАЛИСКИ ИСТРАЖУВАЧИ РАЗВИЈА ТЕСТ КОЈ ГО ОТКРИВА КОРОНАВИРУСОТ ЗА 20 МИНУТИ

    АВСТРАЛИСКИ ИСТРАЖУВАЧИ РАЗВИЈА ТЕСТ КОЈ ГО ОТКРИВА КОРОНАВИРУСОТ ЗА 20 МИНУТИТестот може да открие и дали некој бил заразен во минатото (Фото: Гети)

    Австралиски истражувачи развија тест кој може да утврди зараза со коронавирусот за само 20 минути, тврдејќи дека е прв таков на светот.

    Истражувачите од Универзитетот Монаш велат дека нивниот тест може да открие дали некој моментално е заразен или бил во минатото.

    „Краткотрајното аплицирање вклучува брзо идентификување на случајот и следење на контактите за да се ограничи натамошно ширење“, изјавија истражувачите за списанието „АЦС сензорс“.

    Нивниот тест, за кој се потребни 25 микролитри плазма од примерок на крвта, бара згрутчување или групирање на црвените крвни зрнца што го предизвикува коронавирусот. На овој начин може да се утврди и дали некој бил заразен неодамна.

    „Стотици примероци можат да се тестираат секој час“, велат тие.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира