АВСТРИЈА ГО УКИНУВА КАРАНТИНОТ ЗА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ

    АВСТРИЈА ГО УКИНУВА КАРАНТИНОТ ЗА НЕВАКЦИНИРАНИТЕОд средина на март, полицијата ќе почне со проверки на вакциналниот статус на луѓето (Фото: АФП)

    Австрија в понеделник ќе го укине карантинот за своите невакцинирани граѓани, ден пред вакцинирањето против ковид-19 да стане задолжително во земјата. Канцеларот Карл Нехамер и министерот за здравство Волфганг Микштајн кажаа дека мерката воведена во ноември веќе не е потребна зашто нема опасност дека одделенијата за интензивна нега во болниците ќе бидат преоптоварени.

    „Со недели, карантинот за невакцинираните беше мерка на која многумина се жалеа, но таа беше неопходна за да се заштити здравствениот систем“, изјави Нехамер.

    На 1 ноември, вакцините против ковид-19 ќе станат задолжителни за сите лица со 18 и повеќе години, што е прва таква мерка во Европа. Властите велат дека мерката е неопходна зашто стапката на вакцинирањето и натаму е доста ниска. Досега, 75,4% жители се целосно вакцинирани.

    Од средина на март, полицијата ќе почне со проверки на вакциналниот статус на луѓето, а оние кои нема да приложат доказ ќе се соочат со казна од 600 до 3.600 евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира