Нова изложба во музејот што се наоѓа на местото на некогашниот концентрационен логор Аушвиц-Биркенау фрла светлина врз улогата на Австријците во нацистичките злосторства. Изложбата ја отворија австрискиот претседател Александер фан дер Белен и неколкумина членови на австриската влада.
„Обврска на Австрија е да ги потсетува луѓето дека дел од нашето општество не биле само жртвите, туку и сторителите на злосторствата. За да не се повтори историјата не само што треба да се бориме против антисемитизмот и национализмот, туку треба да се бориме за демократијата и човековите права“, изјави Фан дер Белен.
На претходната изложба во музејот, која беше затворена во 2009, Австрија се означи себеси како прва жртва на националсоцијализмот, алудирајќи на анексијата на земјата во 1938, при што значително се игнорираше австриската вмешаност во нацистичките злосторства.
Аушвиц-Биркенау беше најголемиот германски концентрационен логор во Втората светска војна, каде што биле убиени повеќе од три милиони луѓе. Меѓу жртвите се и 11.000 австриски Евреи.
„Австрија беше коодговорна за страдањата на луѓе и народи, што не биле нанесени од Австрија како нација, туку од граѓани на оваа земја“, кажа Фон дер Белен.