АВСТРИЈА ПРИЗНА ДЕКА СЛОВАЧКА ЈА ПРЕДУПРЕДИЛА ЗА ТЕРОРИСТОТ ОД ВИЕНА, НО НЕ РЕАГИРАЛЕ

    АВСТРИЈА ПРИЗНА ДЕКА СЛОВАЧКА ЈА ПРЕДУПРЕДИЛА ЗА ТЕРОРИСТОТ ОД ВИЕНА, НО НЕ РЕАГИРАЛЕЧетири лица се убиени во пукањето во центарот на Виена во понеделникот вечер (Фото: Ројтерс)

    Австрискиот министер за внатрешни работи призна дека не реагирале на предупредувањето што летоска го добиле од Словачка за напаѓачот кој завчера уби четири лица во центарот на Виена.

    Словачката полиција ги известила австриските власти дека „сомнителни лица“ од Австрија сакале да купат муниција во јуни, но биле одбиени зашто немале дозвола. Напаѓачот, кој беше идентифукуван како 20-годишниот Кујтим Фејзулаи, патувал во Словачка со цел да купи муниција за „калашников АК-47“, но се вратил со празни раце. Словачката полиција кажа дека веднаш ги известила своите колеги од Австрија, не сакајќи дополнително да коментира.

    „Информацијата беше испитана од домашната разузнавачка служба, но натамошни акции не биле преземени. Очигледно имаше проблеми во комуникацијата и ќе го испитаме тоа“, изјави министерот Карл Нехамер.

    Во пукањето во Виена се убиени 24-годишна студентка од Германија, маж и жена од Австрија на 39 и 44 години и 21-годишниот Неџип В., кој имал потекло од Македонија, исто како и напаѓачот. Повредени се 23 лица, од кои седуммина се во сериозна состојба.

    Во врска со нападот се приведени 14 лица во Австрија и две во Швајцарија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира