АВСТРИСКИ РЕГИОНИ НАЈАВУВААТ ЦЕЛОСНО ЗАТВОРАЊЕ ПО НОВИ РЕКОРДНИ БРОЈКИ НА НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19

    АВСТРИСКИ РЕГИОНИ НАЈАВУВААТ ЦЕЛОСНО ЗАТВОРАЊЕ ПО НОВИ РЕКОРДНИ БРОЈКИ НА НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19Во Австрија се засилија полициските контроли откако во понеделникот беше воведен карантин за невакцинираните (Фото: Гети)

    Австрија регистрираше повеќе од 15.000 нови случаи на коронавирус за првпат од почетокот на пандемијата, додека најтешко погодените провинции најавуваат целосно затворање, а владата се наоѓа под притисок да го направи истото на национално ниво, место сегашниот карантин за невакцинираните.

    Само 66% од населението во Австрија е целосно вакцинирано, што е една од најниските стапки во западна Европа, а седумдневната инциденца порасна на 971 заразен на 100.000 жители. На врвот на најсилниот бран пред една година, Австрија имаше 9.586 новозаразени во еден ден и тогаш земјата беше во целосен карантин.

    Најтешко погоден од деветте австриски региони е Горна Австрија, која важи за упориште на крајнодесничарската Слободарска партија. Таа ја има и најниската стапка на вакцинирање, покрај соседниот Салцбург.

    „Ако утре не се прогласи национален карантин, Горна Австрија и Салцбург ќе го воведат на неколку недели“, најави гувернерот на Горна Австрија, Томас Штелцер.

    И властите на Салцбург потврдија дека се подготвуваат за карантин. Деветте регионални гувернери утре ќе одржат состанок и ќе го поканат канцеларот Александер Шаленберг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира