АВТОБУС ИЗЛЕТА ОД НАДВОЗНИК БЛИЗУ ВЕНЕЦИЈА И СЕ ЗАПАЛИ, НАЈМАЛКУ 21 ЗАГИНАТ

    АВТОБУС ИЗЛЕТА ОД НАДВОЗНИК БЛИЗУ ВЕНЕЦИЈА И СЕ ЗАПАЛИ, НАЈМАЛКУ 21 ЗАГИНАТАвтобусот паднал на пруга откако излетал од патот (Фото: АНСА)

    Повеќе од 20 луѓе загинаа во превртување на автобус близу Венеција. Италијанските медиуми објавија дека автобусот од засега непознати причини излетал од надвозник во округот Местре и паднал од височина од десет метри на пруга, по што се запалил.

    Според новинската агенција „Анса“, загинале најмалку 21 лице, 12 се повредени, а неколкумина луѓе се водат како исчезнати. Некои од жртвите изгореле до непрепознатливост.

    Автобусот, кој како гориво користел метан, се запалил веднаш по ударот и пожарникарите сѐ уште се обидуваат да го изгаснат огнот.

    Сцените се апокалиптични. Ова не се опишува со зборови“, изјави градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира