БАЈДЕН ГИ ВРАТИ САД ВО СЗО И ПАРИСКИ КЛИМАТСКИ ДОГОВОР И ЈА ПРЕКИНА ИЗГРАДБАТА НА ЅИДОТ НА ГРАНИЦАТА СО МЕКСИКО

    БАЈДЕН ГИ ВРАТИ САД ВО СЗО И ПАРИСКИ КЛИМАТСКИ ДОГОВОР И ЈА ПРЕКИНА ИЗГРАДБАТА НА ЅИДОТ НА ГРАНИЦАТА СО МЕКСИКОБајден нареди и да се носи маска во сите федерални објекти (Фото: Ројтерс)

    Џо Бајден почна да поништува политики на Доналд Трамп неколку часа откако положи заклетва за нов претседател на САД. Со својот прв чин откако влезе во Белата куќа, Бајден потпиша 15 извршни уредби поврзани со пандемијата на коронавирусот, климатските промени и имиграцијата.

    „Нема време за губење кога треба да се бориме против кризите со кои се соочуваме. Ќе преземеме акции не само за да ги поништиме најголемите штети на администрацијата на Трамп, туку и да ја придвижиме нашата земја напред“, напиша Бајден на Твитер откако го презеде официјалниот претседателски профил.

    Бајден нареди да се носи маска и да се почитува социјално дистанцирање во федералните објекти и го прекина процесот на излегување на САД од Светската здравствена организација. Неговиот план е 100 милиони Американци да се вакцинираат против ковид-19 во првите 100 дена од мандатот.

    Тој кажа и дека борбата против климатските промени ќе биде еден од приоритетите на неговата администрација, па прво ги врати САД во Парискиот климатски договор.

    Бајден ја отповика декларацијата за финансирање на изградбата на ѕидот долж границата со Мексико и ја укина забраната за патување што важеше за некои муслимански земји.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира