БАЈДЕН ГО ОБВИНИ ФЕЈСБУК ДЕКА УБИВА ЛУЃЕ СО ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ ЗА ВАКЦИНИТЕ

    БАЈДЕН ГО ОБВИНИ ФЕЈСБУК ДЕКА УБИВА ЛУЃЕ СО ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ ЗА ВАКЦИНИТЕ„Пандемија има само меѓу невакцинираните. И тие убиваат луѓе“, рече Бајден во Белата куќа.

    Американскиот претседател Џо Бајден рече дека социјалните медиуми како Фејсбук „убиваат луѓе“, со тоа што дозволуваат да се објавуваат дезинформации за вакцините против ковид-19.

    „Тие убиваат луѓе. Видете, пандемија има само меѓу невакцинираните. И тие убиваат луѓе“, рече Бајден во Белата куќа.

    Лажни вести за ковид-19 се размножија за време на коронакризата на социјалните медиуми како Фејсбук, Твитер и Јутјуб. Научниците и законодавците долго време го обвинуваат Фејсбук дека објавува штетна содржина.

    Компанијата воведе строги правила против ширење лажни тврдења за ковид-19 и за вакцините, и вели дека на луѓето им дава проверени информации за овие теми.

    „Нема да ни го одвлечат вниманието обвинувања кои не се поддржани со факти. Факт е дека над 2 милијарди луѓе на Фејсбук прегледале проверени информации за ковид-19 и вакцините, а тоа е повеќе од кое било место на Интернет. Над 3.3 милиони Американци исто така го искористиле нашиот пребарувач за вакцини за да најдат каде може да се вакцинираат. Фактите покажуваат дека Фејсбук спасува животи. Точка“, изјави портпаролот Кевин Мекалистер.

    Твитер и Јутјуб не одговорија на обвинувањата.

    Шефот на Институтот за јавно здравје Вивек Мурти исто така алармираше за растечкиот бран дезинформации за ковид-19 и вакцините. Според него, со лажните вести, се отежнува борбата против пандемијата и спасувањето животи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира