БАЈДЕН ГО ПОМИЛУВА СВОЈОТ СИН ХАНТЕР

    БАЈДЕН ГО ПОМИЛУВА СВОЈОТ СИН ХАНТЕРБајден смета дека Хантер бил гонет селективно и неправедно (Фото: АП)

    Џо Бајден објави дека целосно го помилувал својот син Хантер, кој се изјасни како виновен по обвинувањата за даночно затајување и илегално купување оружје. Американскиот претседател претходно инсистираше дека нема да го направи тоа пред да му истече мандатот.

    Потпишав помилување за мојот син Хантер. Од првиот ден кога ја презедов функцијата реков дека нема да се мешам во донесувањето одлуки на министерството за правда и го држев мојот збор, иако гледав како мојот син го гонат селективно и неправедно. Ниеден разумен човек кој ги разгледува фактите за случаите на Хантер не може да дојде до друг заклучок освен дека тој беше издвоен само затоа што е мој син“, изјави Бајден.

    Помилувањето се однесува на сите прекршоци од периодот меѓу 1 јануари 2014 и 1 декември 2024.

    Хантер Бајден, кој се лекувал од зависност од дрога, се соочуваше со пресуда за давање лажна изјава и поседување оружје. Во септември, тој се изјасни како виновен за федерални обвиненија дека не платил даноци од 1,4 милиони долари, додека во исто време трошел големи пари на дрога, проститутки и луксузни работи. Пресудата требаше да биде изречена на 16 декември.

    Републиканците го осудија потегот на Бајден и побараа помилување и на лицата осудени за упадот во Конгресот на 6 јануари 2021.

    Бајден, чиј син Бо почина од рак на мозокот во 2015, рече дека неговите противници се обиделе да го скршат Хантер со селективно гонење.

    Јасно е дека Хантер бил третиран поинаку. Обвиненијата во неговите случаи се појавија дури откако беа поттикнати од неколкумина мои политички противници во Конгресот со цел да ме нападнат и да се спротивстават на мојот избор. Во обидот да го скршат Хантер, тие се обидоа да ме скршат мене“, рече Бајден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира