БАЈДЕН ГО ПРИЗНА МАСАКРОТ НА ЕРМЕНЦИТЕ ВО ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА ЗА ГЕНОЦИД

    БАЈДЕН ГО ПРИЗНА МАСАКРОТ НА ЕРМЕНЦИТЕ ВО ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА ЗА ГЕНОЦИДЕрменците низ светот денеска го одбележуваат Денот на сеќавање на геноцидот (Фото: АП)

    Џо Бајден стана првиот американски претседател кој масакрот на Ерменците во Првата светска војна, што го извршија војските на Отоманското Царство, официјално го призна за геноцид, отворајќи нов спор помеѓу Вашингтон и Анкара.

    „Американскиот народ им оддава почит на сите Ерменци кои настрадаа во геноцидот што почна на денешен ден пред 106 години. Почнувајќи на 24 април 1915 со апсењето на ерменските интелектуалци и локални лидери во Цариград, еден и пол милиони Ерменци биле депортирани, масакрирани и испратени во смрт во кампањите за истребување“, соопшти Бајден на Денот на сеќавање на геноцидот на Ерменците.

    Тој вчера му се јавил на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за да го извести за својата одлука за признавање на геноцидот, но оваа тема не била спомната во официјалните известувања на двете земји. Овој чин на Бајден претставува кулминација на децении лобирање на организациите на ерменските Американци.

    Околу 1,5 милиони Ерменци биле убиени во периодот кога Отоманското Царство се распаѓало и се создавала модерната турска држава. Голем број од нив починале во маршевите на смртта во сириската пустина.

    „Зборовите не можат да ја изменат или одново да ја испишат историјата. Од никого нема да добиваме лекции по историја. Целосно ја отфрламе изјавата на Бајден како популистичка“, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира