БАЈДЕН И ПУТИН ЈА ДОГОВОРИЈА ПРВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛСКА СРЕДБА ВО ЈУНИ ВО ЖЕНЕВА

    БАЈДЕН И ПУТИН ЈА ДОГОВОРИЈА ПРВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛСКА СРЕДБА ВО ЈУНИ ВО ЖЕНЕВАБајден и Путин на средба во Москва во 2011 година (Фото: АП)

    Џо Бајден првпат ќе се сретне со Владимир Путин како американски претседател следниот месец во Женева, потврди Белата куќа.

    „Двајцата лидери ќе дискутираат за голем број актуелни прашања, сакајќи да повратат предвидливост и стабилност во американско-руските односи“, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

    Средбата ќе се одржи на 16 јуни и тоа ќе биде прво меѓународно патување за Бајден откако стана претседател. Таа ќе следува по собирот на лидерите на НАТО на 14 јуни и самитот на Г7, чиј домаќин ќе биде Велика Британија.

    „Путин ќе дискутира со Бајден за моменталната состојба и перспективите на руско-американските односи, прашањата за стратешката стабилност и за акутни проблеми на меѓународната агенда, како справување со коронавирусот и решавање на регионални конфликти“, соопшти Кремљ.

    Бајден зазеде поцврст став кон Путин во споредба со својот претходник Трамп и во една прилика го нарече убиец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира