БАЈДЕН НАРЕДИ ФЕДЕРАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ИЛИ ЌЕ МОРА ДА НОСАТ МАСКА И РЕДОВНО ДА СЕ ТЕСТИРААТ

    БАЈДЕН НАРЕДИ ФЕДЕРАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ИЛИ ЌЕ МОРА ДА НОСАТ МАСКА И РЕДОВНО ДА СЕ ТЕСТИРААТБајден вели дека новите мерки се резултат на ширењето на високо преносливата делта варијанта (Фото: АП)

    Џо Бајден ги заостри мерките за федералните работници, кои се најголемата работна сила во САД, среде новото ширење на коронавирусот. Со наредбата, тие ќе мора да приложат доказ за вакцинирање или ќе мора задолжително да се тестираат еднаш неделно и да носат маска.

    „Новите мерки се резултат на ширењето на високо преносливата делта варијанта, кое се влошува поради пандемијата на невакцинираните. Ова е американска трагедија. Луѓето умираат и ќе умираат оние кои не треба да умрат“, изјави Бајден.

    Тој исто така ги повика американските сојузни држави да им дадат 100 долари на сите лица кои во наредниот период ќе се вакцинираат против ковид-19, во обид да ѝ се даде нов поттик на имунизацијата. Додаде дека новата иницијатива за наградување се чини нефер кон оние кои веќе се вакцинирале, но сите добиваат ако има повеќе вакцинирани.

    Федералната администрација вработува околу четири милиони луѓе, но наредбата на Бајден би можела да ги опфати и надворешните соработници кои имаат договори со владата, што ја зголемува бројката на седум милиони.

    „Ако не сте вакцинирани, вие претставувате проблем за себеси, своето семејство и за своите колеги“, рече Бајден.

    Според официјалните податоци, 60% од возрасното население во САД е целосно вакцинирано, а целта на Бајден беше 70% да имаат примено барем една доза до 4 јули, што сè уште не е исполнето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира