БАЈДЕН ОДОБРИ НОВА ВОЕНА ПОМОШ ЗА УКРАИНА ОД 800 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

    БАЈДЕН ОДОБРИ НОВА ВОЕНА ПОМОШ ЗА УКРАИНА ОД 800 МИЛИОНИ ДОЛАРИБајден ги објави новите одлуки откако Русија прогласи ослободување на Мариупол (Фото: АП)

    Џо Бајден оцени дека војната во Украина е во критична точка и ѝ вети нова воена помош во вредност од 800 милиони долари. Новиот пакет содржи тешка артилерија, 144.000 гранати и дронови за украинската војска, која се соочува со засилена руска офанзива во источниот регион Донбас.

    Ова се надоврзува на досегашната воена помош од 2,6 милијарди долари, што Бајден ја одобри од почетокот на руската инвазија.

    „Путин игра на картата дека ние ќе изгубиме интерес. Тој смета дека западното единство ќе се распадне, но уште еднаш му покажуваме дека не е во право“, изјави Бајден.

    Тој истовремено им забрани на руските бродови да влегуваат во американските пристаништа и одобри дополнителна економска помош за украинската влада од 500 милиони долари.

    Бајден ги објави овие одлуки откако Русија прогласи ослободување на Мариупол по речиси двомесечни борби, при што Путин нареди тотална блокада на челичарницата „Азовстал“, каде што се утврдени преостанатите украински борци.

    Меѓу другото, Украина сега ќе добие 72 155-милиметарски топа „хаубица“ и 121 тактички дрон „феникс гоуст“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира