Џо Бајден превентивно помилуваше неколкумина луѓе пред да ја напушти Белата куќа, што ги вклучува Ентони Фаучи и членовите на истрагата за упадот во американскиот Конгрес на 6 јануари 2021. Тој појасни дека ова има за цел да спречи „неправедни, политички мотивирани прогони“.
Фаучи, кој речиси три децении го водеше Националниот институт за алергии и заразни болести, беше најистакнатото лице во САД за време на пандемијата на ковид-19, залагајќи се за воведување строги мерки.
„Нашата нација им должи доза на благодарност на овие јавни службеници за нивната неуморна посветеност. Да нема забуна, ниеден од нив не сторил ништо погрешно“, кажа Бајден, на кого денеска му истекува претседателскиот мандат.
Трамп, кој денеска ќе положи заклетва, навести дека би можел да преземе мерки против оние кои го прогласија за одговорен за упадот на неговите приврзаници во Конгресот.
Бајден исто така го помилуваше пензионираниот генерал Мајк Мајли, кој лани кажа за Трамп дека е фашист и опасен.