БАЈДЕН ТАЈНО ПАТУВАЛ СО ВОЗ ОД ПОЛСКАТА ГРАНИЦА ДО КИЕВ, И ВО ВАШИНГТОН СЕ КРИЕЛО ДЕКА ЌЕ ОДИ ЗА УКРАИНА

    БАЈДЕН ТАЈНО ПАТУВАЛ СО ВОЗ ОД ПОЛСКАТА ГРАНИЦА ДО КИЕВ, И ВО ВАШИНГТОН СЕ КРИЕЛО ДЕКА ЌЕ ОДИ ЗА УКРАИНАБајден го посети Киев во пресрет на годинашнината од почетокот на руската инвазија (Фото: АП)

    Џо Бајден тајно патувал со воз од полската граница до Киев, објави „Њујорк тајмс“, а тој незабележано заминал од Вашингтон откако со сопругата Џил бил на вечера во ресторан во саботата вечер, што е невообичаено за нив. Официјални лица негираа дека Бајден би можел да ја посети Украина за време на планираното патување во Полска.

    „Посетата на Киев остана тајна од безбедносни причини. Белата куќа во неделата вечер го објави јавниот распоред за понеделник, прикажувајќи дека претседателот сè уште е во Вашингтон и дека дури приквечер ќе замине за Варшава“, објави „Њујорк тајмс“.

    Додека Бајден и неговиот домаќин Володимир Зеленски ја напуштаа катедралата „Свети Михаил“, во Киев се огласија сирени за воздушна тревога.

    „Оваа посета има за цел да ја потврди нашата непоколеблива посветеност на демократијата, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Кога Путин пред една година ја почна инвазијата, мислеше дека Украина е слаба, а западот поделен. Тој тешко згреши“, кажа Бајден и најави нова воена поддршка за Украина и нови санкции за Русија.

    Зеленски кажа дека денешната посета на Бајден ќе се почувствува и на бојното поле.

    „Ова е најважната посета во целата историја на американско-украинските односи. Денеска имавме многу плодни преговори, разговаравме и за оружја со долг дострел. Ова е јасен сигнал дека руската агресија нема никакви шанси“, изјави Зеленски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира